речник контакт

Енес Беговски со неговиот хенг драм го имаше првиот соло концерт на џез фестивалот во Велес

Тоа е метален плоснат инструмент, со неколку отвори од горниот дел и на него се произведува единствен и уникатен звук

Петар Печков

Својот прв соло концерт Енес Беговски го имаше на велешкиот џез фестивал. настапи во предворјето на спомен Костурницата. Тој свири на хенг драм, што го прави единствен уметник кон настапува на овој инструмент во Македонија.  Тоа е метален плоснат инструмент, со неколку отвори од горниот дел и на него се произведува единствен и уникатен звук.

„Ова беше прво јавно музицирање  со инструментот. Сум свирел претходно  на театарски претстави.  Создаден е во Швајцарија во 2000 година. Тоа е метална перкусија. која е мелодична.  Го имам шест месеци и со него истражувам. Свирам на улица, гледам како луѓето реагираат на инструментот.   Го видов на интернет, 10 години пробав да го набавам.  Го купив од Унгарија, од дечки кои со години создаваат хенг драм“ - вели Беговски.   

Инструментот е нов и интересен за луѓето, пројавуваат интерес за него, за звукот што го репродуцира.   Енес Беговски десетина години компонира музика за театар, најчесто во претставите кои ги режира сестра му Теа Беговска. Неговата музика која е авторска,  ја толкува како експериментална.  

„Сакам да создавам звуци од различни премети, создадени  од различни  материјали. Сакам да истражувам музика од други народи, други култури, ритмови, мелодии, што ги носот тие култури. Тој што е близок до мене, тој го свирам“ - додава Беговски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »