речник контакт

Епидемијата на корона вирус остава траги во работата на велешките компании

Агриа непречено ќе го снабдува пазарот со месо по непроменети цени, Ронтис и Крзнара работат во интерес на купувачите. Жито маркети максималано се грижат за здравјето на потрошувачите

Петар Печков

Најголемиот македонски производител на свинско месо, велешка Агриа и во наредниот период ќе го снабдува максимално македонскиот пазар со месо, по цена и на зголемени трошоци а исти, непроменети  цени. 

Целосно македонскиот пазар ќе биде задоволен со свежо место и по цени од пред прогласувањето на пандемијата. Покачување на цената нема да има се додека трае состојбата со корона вирусот. Трошоците на производство се драстично зголемени, и ќе мора да се задолжуваме кај банките. Се надеваме дека државата ќе помогне да ја надминеме кризата - изјавија од раководството на  агроиндустриската групација Агриа. 

Швајцарската компанија во  седиште во Велес,  Ронтис продолжува да работи, но со намален капацитет.  Состојбата со ковид  -19, делумно се одразува на нивното  работење, преку намалено производство. 

Работниот процес продолжува, со мали рестрикции, заради отсуства,  затоа што произведуваме медицински помагала, односно крвни линии за хемодијализа и не смееме потрошувачите  -пациенти, да ги оставиме без нашиот производ. Работиме  да овозможиме непречена достава на крвни линии за еднократна употреба, неопходни за функционирање на процесот за хемодијализа кај пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција  - изјавија од менаџментот на Ронтис. 

Со воведување на мерките од страна на Владата на  мерки кои што ние како компанија сами ги превземавме- ослободени се од работни обврски вработени  кои што имале било каков контакт со лице во самоизолација или лице кое било во странство во последните 14 дена, имаме намален број на вработени кои што доаѓаат на работа, а со тоа и намалено производство за околу 10%. Доколку на ова се додаде и полицискиот час , нашето производство е намалено за вкупно 30% -10% од отсуства и 20% од скратено работно време.

Крзнарата  „Димко Митрев“  продолжува со работа , бидејќи целокупното производство е веќе договорено и за извоз.

Конфекцијата на Крзнара работи во прва смена а штавниот погон во најголем дел е прва смена и помалку во втора и трета кои ќе работат во согласност со МВР со посебни дозволи за вработените.

Најголемиот ланец на маркети во градот Жито маркети и меѓу поголемите во земјава,  информира што тие презеле за да ги заштитат купувачите од опасноста од корона вирусот.

Зачестено вршиме дезинфекција о текот на работното време но и по завршувањето на скратеното работно време. На влезовите има антибактериски гелови а влезот по потреба се регулира од стана на вработените - соопштија од раководството на Жито.  Работното време е  до 19 ч. од понеделник до сабота а во недела се работи само прва смена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »