Петар Печков
Објавено: четврток, 08 август 2024
Ер трактори од Кипар го гаснат пожарот помеѓу Ореше и Папрадиште, кој трет ден гори на планината Јакупица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште.
Од денес претпладнето, на терен се вклучени авиони за гаснење на пожар од Кипар, два кои средата попладне пристигнаа во Макеоднија.
„На терен се 10 вработени во ШС Бабуна од Велес и петмина вработени во локалната самоуправа на Општина Чашка. Горат млади насади дрвја, ниска вегетација но и висока шума“ – соопшти Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Вчера во гаснењето на пожарот биле вклучени два хеликоптери – еден армиски и еден на Министерството за внатрешни работи.
Tweet |