Петар Печков
Објавено: петок, 30 јануари 2015
Велешанката Александра Крнинов Груев во Ликовниот салон, пред бројните присутни од родниот град, се претстави со модна изложба. Така публиката имаше ретка, ако не и единствена можност во Велес, да види колекција на модели, насловена ,,Есен 2015,,. Сите беа во црно-бела комбинација, изработени од природна свила.
Ова е мое видување како би изгледала модата, во есента 2015-та. Тоа е еден контраст, црната боја е секогаш елегантна. Мојот стил е минималистички и вака најлесно ги доловив моите размислувања. Колекцијата, моделите не се наменети за девојките со идеални, перфектни пропорции, туку за вистински девојки со облини, бидејќи никој не е совршен - вели авторката Александра Крнинова Груев.
На модната изложба беа претставени 28 модни дизајни, повеќето на цртеж а дел од илустрацииите беа изработени во фустани. Нив ги носеа десетина девојки, кои беа облечени во креациите. Тие беа живи скулптури. Таа како моден креатор за прв пат се претставува во Велес и Македонија а факултет за моден дизајн има завршено во Колумбус, Охајо - САД, каде живееше десетина години. Сега Александара Крнинова Груев е вработена како костимограф во велешкиот театар,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.
Долго време се подготував изложбата, како да ја изведам, како на публиката да им ги пренесам моите ставови и размислувања. Линијата како основно средство на изразување во уметноста, можете да ја видите на оваа изложба во повеќе форми, од кратка, долга, тенка - објаснува Александара. За неа е чест и задоволство ако некој се реши да носи нејзина креација, дел од изложените модели. Директорката на Народниот музеј од Велес, отворајќи ја модната изложба не штедеше комплименти за авторката.
Концептот за овој проект е поинаков од досегашните реализирани во овој салон. Александра се одважи да приреди за прв пат во градот со својата индивидуалност и јасна креативна мисла и идеа, еден моден перформанс. Прифаќајки ја уметноста како акција, интервенција, хепенинг, демонстрација на уметноста, ослободување од медиските рамки, имаме специфичен проект кој се издвојува од досега понудентото - рече директората Елица Николова.
Tweet |