речник контакт

Есенва од дивите депонии во велешко собрани две илјади метри кубни градежен шут и смет

За есенското средување и за чистење на депониите потрошени биле обезбедени средства од буџетот на Општина Велес во износ од 750.000 денари.

Петар Печков

И последната дива депонија, близу влезот на Велес од правец на Градско, кај вливот на Тополка во Вардар  деновиве е исчистена, Така сите си црни точки во околината на градот, локалната власт ги исчисти во периодот ноември -декември.  Во активностите за чистење на дивите депонии во есенскиот период  во околината на  Велес  собрани и транспортирани  биле без малку две илјади метри кубни градежен шут и смет. 

Програмата за управување со отпад за 2018 година во делот за чистење на диви депонии се заокружи со активностите на чистење на депонијата од градежен шут во близина на ресторанот ОХОХО. Есенва беа собрани 1980 м3 отпад. Бидејќи општината планира во следната  година да го уреди долното течение на река Тополка, како рекреативен центар и излетиште, овие подготвителни активности беа неопходни, за да се спроведат градежни активности за уредување на просторот каде што граѓаните ќе можат да ги остават своите возила и да пешачат по недопрената приода на течението на Тополка - пишува во писмената информација на Општина Велес. 

Најавуваат дека  активностите ќе продолжат и во 2019 година затоа што во општината се уште постојат диви депонии кои го нагрдуваат просторот во урбаната средина. Локалната власт  апелира до граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина, да ги почитуваат законите и да не создаваат нови диви депонии со што ќе придонесат за почист и поубав Велес. За есенското средување    и за чистење на депониите потрошени биле  обезбедени средства од буџетот на Општина Велес во износ од 750.000 денари.

За жал, наместо овие средства да се искористат за изградба на инфраструктура во општината, тие се вложуваат да се санираат последиците од несовесното депонирање на отпад и создавањето на диви депонии од страна на поединци -дополнуваат локалните власти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »