Петар Печков
Објавено: среда, 25 октомври 2017
Bо тек е есенското засадување на млади садници дрвја, на повеќе локации низ Велес. РЕ паркови и зеленило при ЈКП Дервен во изминативе денови засади 15 листопадни дрвја во Градскиот парк, 16 листопадни дрвја во паркот пред Општина Велес, 5 листопадни дрвја на улица АСНОМ, 22 листопадни дрвја кај Железничка станица, 9 зимзелени дрвја во паркот кај Офицерскиот дом, 37 зимзелени дрвја на ул. Индустриска.
Според надлежните идеално време за засадување на садници дрвја било во есен и поради тоа овој период од годината се врши голема акција. Потсетуваат да не се оштетуваат и да се чуваат новите садници на дрвја.
Останува, според најавите од ЈКП Дервен да се засадат листопадни и зимзелени дрвја и на спојот на ул. Благој Ѓорев и ул. Живко Фирфов, по улица Луј Пастер, во паркот Каршијака, како и дополнителни садници од дрвја во Градскиот парк, паркот пред Општина Велес, паркот кај Офицерскиот дом и ул. АСНОМ.
За одбележување е што по повеќе години, конечно се засадија нови садници дрвја на местото од исушените липи, спроти управната зграда на Жито Вардар. Просторот таму беше долго време празен.
Tweet |