Петар Печков
Објавено: четврток, 03 ноември 2016
Иако грејната сезона започна пред три седмици, дрвјата за огрев се уплатени половина година и повеќе дел, од велешките семејства ги немаат добиено. На почетокот од месец ноември ќумбињата се празни или се користи нешто што е останато од лани. Ваква е состојбата за дел до граѓаните од Велес, кои уплателе преку Шумското стопанство Бабуна дел до ЈП Македонски Шуми. За ваквата состојба реагира и од опозициската СДСМ, кои алармираат дека проблемот мора веднаш да се реши.
Зошто се уште не им се доставени дрвата за огрев на граѓаните кои ги уплатија уште пред половина и повеќе. Семејства од Велес не можат да се греат, иако грејната сезона е започната пред три седмици. Незадоволството на велешани од алгите и манипулациите на раководството е големо. На сите граѓани кои ги исплатиле дрвата за огрев, мора веднаш да се достават,з а да се подготват за зимата. Има бројни примери на граѓани пензионери и уплатени од синдикални организации кои на почетокот на ноември ги немаат добиено одамна уплатени дрвја за огрев – изјави Весна Богоевска портпарол на СДСМ Велес.
За директорот на велешката подружница на ЈП МШ ова е хајка која СДСМ ја води против него.
Планот на СДСМ да се создаде криза во снабдувањето со огревно дрво пропадна, предизвика паника и нервоза со прес конференции. ШС Бабуна организирано врши превоз така што нема редици, ги повикуваме граѓаните кои се на листата и нема гужви. Жители од селото Мокрени кои го блокираа патот цел месец, преку кој се довезуваше огревното дрво во нашите складови. За ова постои записник во полиција. Некому му пречело што во август се произведе шест илјади метри кубни дрво, обезбеди превозници кои што требаше да го превезат и ги снабдат велешани – рече Горан Наунчев, директор на ШС Бабуна.
Според него до целосна испорачка останувале уште 600 метри куби огревно дрво , кои тие во најкраток временски рок ќе ги обезбеделе. Досега во Велес биле испорачани 14 илјади просторни метри куби дрвја за огрев.
Tweet |