Петар Печков
Објавено: среда, 22 септември 2021
Вечерва, среда 22 септември во 21,21 ч. му кажуваме збогум на летото на Северната хемисфера и тогаш астрономски ќе стигне есента. Во истиот момент на Јужната хемисфера доаѓа пролетта. Денес е 267-тиот дене од годината.
Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).
Сонцето утринава во Велес изгреа во 6:19 а треба да зајде 18:31, само тешко дека денес сонце ќе видиме со оглед на облачното време. Денот трае 732 минути или 12 часа и 12 минути. Есента ќе трае до 21 декември, до 11 часот и 2 минути, кога ќе дојде зимата.
Зад нас го оставаме долгото и сушно лето, со голем број денови со високи температури над 40. Метеоролошката веб -страница „AccuWeather“ објави прогноза за есента 2021 година, која го вклучува регионот на Балканот, како и Македонија.
Според оваа прогноза, топлотните бранови ги чекаат Балканот и Македонија на почетокот на есента, а потоа топлината ќе биде заменета со голема опасност од поплави во ноември. Поголеми количини на врнежи се очекуваат кон крајот на октомври и почетокот на ноември.
Според accuweather, NOAA, NASA за разлика од летото, се очекува есента во јужниот дел на Балканот и во Македонија да биде релативно потопла од просекот, посебно во месеците ноември и декември.
Tweet |