lj lkjl
Објавено: недела, 09 јули 2006
Изминатите неколку денови велешани се жалат на мирисот на водата од Градскиот водовод. Причина за ова е расипаниот озонатор во фабриката за вода, но и врнежите од дожд. Така заматувањето на реката Тополка, јавното комунално претпријатие Дервен ги натера градот со вода да го снабдуваат од рени бунарите на Вардар. Доктор Вера Ристова од Заводот за здравствена заштита вели дека водата иако има мирис сепак таа е исправна за пиење. „Сите овие денови водата е следена од Заводот за здравствена заштита и ниеден примерок не е бактериолошки неисправен” Ристова апелира граѓаните да ја користат водата само од градскиот водовод. Препорака до граѓаните од велес да ја користат водата од градскиот водовод, таа е редовно здравствено безбедна и да не одат по природните чешми и бунари во градот и неговата околина оти нашите испитувања покажуваат дека тие се со непостојан квалитет.Доколку се користи ваквата вода задолжително да се преврива вели доктор Вера Ристова од Заводот за здравствена заштита. Од Заводот за здравствена заштита велат дека отстранет е дефектот со озонаторот во фабриката за вода, по што до крајот на денот, водата повторно ќе го има истиот квалитет.
Tweet |