Петар Печков
Објавено: петок, 18 ноември 2016
По единаесетти пат во Велес се одржа манифестација Етно вешта жена. Годинава таа беше втора станица веднаш по Гостивар, од каде тргна републичкиот карван, продолжува во Тетово, а ќе заврши напролет во Македонска Каменица. Во Велес, шест жени подготвија солена и блага храна, која ги поврзува една тема - Рацин.
Во секој град каде се одржува, има една тема, која е локална и таа ја поврзува подготвената храна. Ние одбравме да биде Рацинова вечер, затоа што во тек се Детски Рацинови средби – изјави - Мирјана Трајкова од Организацијата на жени до Велес.
Манифестација има хуманитарен карактер. Меѓу подготвените блага најмногу внимание привлекоа книгата на Рацин, кошулата на Ленка, грбот на Велес, зелник, ѓозлемето. Сите подготвени работи се продадоа на аукција, при што се собраа 5.700 денари. Книгата ,,Бели мугри,, најмногу, се продаде за 2 илјади денари и таа од страна на гостите беше прогласена за најубав примерок храна подготвен вечерта .
Tweet |