Петар Печков
Објавено: сабота, 11 октомври 2008
кошула од Бистрица
Дваесетина примероци на облека од Велешко се претставени во Ликовниот салон, во рамките на изложбата „Од женската традиција на минатото“.
кошула и фута од Велес
На публиката и се изложени носии, кошули, фути, чорапи, прекривки, прекривачи и други предмети изработени од памук или волна. Ова богатство кое го создала македонската жена во 19-тиот век е мошне вредно, бидејќи е работено рачно и е уникатно, за за нивна изработка се одвојувало многу време.
носии од Г. Врановци
Дел од овие примероци се донација на неколку велешки семејства, кои нивната оставина и семејно наследство го подариле на Народниот Музеј од градот. Изложбата ќе биде отворена до 22 октомври.
облека од Поменово
облека од Велес
велешки тепих (донација од Депинови)
Tweet |