Петар Печков
Објавено: вторник, 07 октомври 2008
Стуткано под Мокра планина во близината на локалитетот Макаревац, во регионот на Азот е селото Бистрица, општина Чашка. Таму веќе две години постои етно-куќа во кој има повеќе од двесте старински предмети. Тие се ретки и вредни бидејќи некои од нив датираат и од пред два века, или пак дел повеќе ги нема, изчезнале. Сместено во поранешното основно училиште, музејот е на крајот од селото со убав поглед кон соседна Богомила и регионот на Азот. Овој редок за наши услови музеј, е основан од здружението на граѓани „Разбој“ чиј претседател е Гоце Станчев. Тој неуморно работи на создавање и збогатување на збирката.
- Сите овие предмети се од Бистричкиот регион, кои неговите жители со задоволство ни ги отстапија. Оваа музејска збирка засега се состои од носии, разбој, софра, врчва, бочва, килими и многу други мали но значајни предмети кои биле во секојдневна употреба од нашите претци а сега времето ги исфрлило. Задоволни сме каков е одзивот за дарување, бидејќи собравме повеќе од двеста предмети - вели Станчев. Во рамките на етно-куќата се организираат и одржуваат грнчарски, копаничарски и ткајачки работилници, со кој се продолжува традицијата на изработка на овие предмети, но и можност младите да добијат дополнително знаење и заработуваат од овие дејности. Училиштето им го отстапила локалната власт од општина Чашка, изградено е во далечната 1936-та година и таа повеќе од 25 години била запустена и напуштена. Сега со отварањето на етно-куќата повторно се враќа животот и жагорот на младите. Бројните предмети што можат да се видат тука, го враќаат посетителот барем за момент во некои дамнешни времиња.
- Очекуваме на овој начин да го привлечеме вниманието на туриститеи планинарите кои го посетуват регионот на Азот, било да е тоа планинарскиот дом Чеплес, селото Папрадиште, манастирите во Согле или Степанци, одмаралиштата во Ораов Дол и Мокрени – објаснува Станчев.
Селото е оддалечено 50-тина километри до Велес, до него се стигнува по асфалтиран пат или со железница. Околината на селото изобилува со густа дабова и букова шума, со бистра планиска река по која и селото добило името Бистрица. Овој предел секое годишно време носи скапоцени моменти на средби со природните убавини, вклопени во несекојдненви пејсажи. Во селото има две цркви, Св.Ѓоргија која потекнува од 13-тиот век, но малку останало од нејзината првобитна градба бидејќи времето ја уништило и црквата Св.Богородица дело на Андреја Дамјанов со зачуван иконостас, икони и фрески. Во близина на селото е манастирот Св.Петар. Трите верски објекти во Бистрица зборуваат за неговата некогашна моќ. Над селото се наоѓа орнитолошкиот локалитет Макаревац, дом на ретки птици и бројни пештери. Затоа од „Разбој“ велат дека со доаѓањето во Бистрица има што да се види и мине убав викенд.

Tweet |