Петар Печков
Објавено: петок, 27 декември 2013
Кристијан Ефремов е најуспешниот алтетичар во Македонија за годината што заминува, според постигнатите резултати.
После успешните резултати на домашна и меѓународна сцена, македонските репрезентативци ги добија признанијата од Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Кристијан Ефремов кај мажите и Христина Ристеска кај жените се најуспешните атлетичари за 2013 година според Стручниот совет на АФМ.
Тие беа прогласени за најдобри во Македонија во “Маракана“ во Скопје. За најуспешен тренер е избран Ване Стојанов (АК Струмица), додека во екипна конкуренција е Влатко Димитров (АК Охрид).
Во младинска конкуренција најдобар е Ристе Пандев, додека репрезентативката Валбона Селими е најуспешна младинка.
Tweet |