Петар Печков
Објавено: недела, 21 јуни 2015
Велешките атлетичари, кои се дел од македонската селекција во Баку -Азербејџан, на Првите Европски спортски игри настапија во дисциплините во кои беа пријавени.
Кристијан Ефремов во трката на 400 м. истрча 48.94 резултата со кој го зазеде 9-тото место од 14 натпревувачи.Со ова на Македонија и донесе 6 поени, оти натпреварувањето во Баку во атлетика се бодуваше екипно.
Јованче Јанковски во скок во височина имаше резултат од 1,60 со што беше 13-ти од 13 натпреварувачи и донесе два бода за Македонија. Со ова завршија и нивните настапи во Баку на Првите Европски спротски игри.
Tweet |