Петар Печков
Објавено: четврток, 16 мај 2024
Фудбалерките на ЖФК Љуботен Тетово го освои Купот на Македонија. Тие на Градскиот стадион во Велес во финалето го совладаа составот на ЖФК Каменица Саса со 1:0. Единствениот гол го постигна Марковска од корнер во 93. Минута.
Ова беше реприза на на минатогодишното финале кога исто така победија тетовки. ЖФК Љуботен е и актуелен фудбалски шампион во женска конкуренција.
Пред три седмици во Велес се играше и финалето на футсал Купот на Македонија, каде трофејот го освои КФМ Форца од Куманово со победа од 6:2 над составот на КФМ Клими.
Tweet |