Петар Печков
Објавено: среда, 12 октомври 2022
Женската фудбалска екипа на ЖФК Борец доживеа висок пораз во петтото коло од Првата фудбалска лига.
Во Тетово загубија со 11:0 од екипата на ФК Шкендија. Овие две екипи беа единствени без освоен бод во досегашниот тек од првенството.
Велешанки остануваат последни со лоша гол разлика, од -37, а немаат постигнато ниту еден гол.
Tweet |