Петар Печков
Објавено: сабота, 04 декември 2021
Во натпревар од 9-тото коло на Првата лига во фудбал жени, екипата на ЖФК Борец очекувано победи во Куманово, против екипата на ЖФК Речица. Резултатот е 0:2 (0:2), велешанки победија со головите на Максимовиќ во 11` и Велинова во 30` против екипата од дното на табелата 10-та до 12 . По ова коло ЖФК Борец во Велес е четврти со 18 бодови а во следното коло игра со екипата на ЖАС Јунајтед која е 6-та со 16 бода. Дали велешанки на домашен терен, против добрата екипа од Струга, ќе ја прекинат резултатски слабиот скор.
Во рамките на 13-тотo коло oд Втората лига Исток, во Градско екипата на ФК Локомотива го прекина резултатскиот пост. Одигра нерешено со петто пласираната екипата на ФК Осогово од Кочани 1:1 (1:0). Домаќините поведоа со голот на Ибрахимовиќ во 7`. На натпреварот беа доделени три црвени картони еден за домаќините и два а гостите. По ова коло ФК Локомотива остана претпоследна има бод повеќе, сепак скромни 6. Следното коло се игра в вторник а ФК Локомотива гостува на последно пласираниот ФК Братство во прилепско Житоше.
Tweet |