речник контакт

ЖФК Борец со убедлива победа над фенерџијата во Кочани

Велешанки славеа со 8:0

Петар Печков

Се одигра 14-тото претпоследно коло од Првата женска фудбалска лига. Во Кочани, екипата на ЖФК Борец славеше како гостин со високи 8:0, над последно пласираната  ЖФК Кочани. Домаќинките немаат досега ниту освоен бод.

Головите за ЖФК Борец ги постигнаа  Џенита Кицара 3 погодоци, капитенот на екипата Ана Јавашева 2 погодоци.  и по еден  Ангелина Босилкова, Драгана Трипчевска, Ивона Стојчева.

Ова е втора победа по ред за составот на ЖФК Борец.По ова коло велешанки се 11-ти од 16 екипи со 13 бода.

В сабота во последното коло играат дома, на игралиштето во Превалец во 12ч. против екипата на ЖФК Истатов која е седма со 18 бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »