Никола Солев
Објавено: понеделник, 06 февруари 2006
Open Source заедницата може да биде задоволна од вестите од Француската полиција која изјави дека го напушта Internet Exporer и се префрла на Mozilla Firefox. Жандармерските 70,000 десктопи се префрлаат на Firefox и неговиот email клиент Thunderbird поради неговата безбедност, изјави Генерал Christian Brachet, IT директор на полициските единици (има ли кај нас такво нешто?). Префрлањето би требало да заврши до крајот на годинава. Firefox бил одбран заради неговата заснованост на W3C стандардот, интернационална норма за Интернетот, и бидејќи функционира подеднакно добро и под Microsoft, Mac или Linux. Firefox сега превзема близу 18% од Францускиот пазар на прелистувачи приближувајќи се на Европскиот просек од 20%,според истражувањето на XiTi Monitor.
Tweet |