Петар Печков
Објавено: петок, 16 август 2024
Актерот Жарко Спасовски со решение на министерот за култура Зоран Љутков, е новиот в.д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.
Тој доаѓа на местото од Сашо Димоски, кој на оваа позиција беше од јуни 2020 година.
Спасовски дипломирал 2013 година на Факултетот за драмска уметност, во класата на проф. Владимир Милчин. Истата година е вработен во велешки театар.
Во неговата досегашна актерска кариера одигра бројни улоги а претставата „Синиот портокал“ каде толкува улога на психијатар, и по седум години поради интерсот на публиката, уште е на репертоарот на велешки театар.
Tweet |