речник контакт

Жедната Африка лежи на питка вода

Во Африка над 300 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење. Најголемиот резервоар на подземни води се наоѓа во северна Африка, во големи седиментни басени, во Либија, Алжир и Чад.

Петар Печков

Научниците тврдат дека под исклучително сушниот африкански континент се наоѓаат големи резервоари на подземни води, чиј капацитет е сто пати поголем од количината на водата на површината.

Овој тим сега подготви најдетална мапа за капацитетот и потенцијалот на овој скриен ресурс, пренесува Би-Би-Си.

Во Африка над 300 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење. Потребата за вода значително ќе порасне во претстојните децени, покрај растот на популацијата и потребите за наводнување на посевите.

Сега експертите од „Британскиот геолошки институт“ (БГС) и Универзитетскиот колеџ во Лондон (УКЛ) за прв пат успеаја да подготват анализа за целиот континент во потрага за подземни води.

„Најголемиот резервоар на подземни води се наоѓа во северна Африка, во големи седиментни басени, во Либија, Алжир и Чад“, рече Хелен Бонсор од БГС, еден од авторите на овој документ.

Поради големите климатски промени кои во текот на вековите ја претвориле Сахара во пустина, многу подземни резервоари на вода за последен пат се наполниле пред повеќе од 5.000 години.

Според зборовите на истражувачите, новите мапи покажуваат дека многу земји кои моментално се оценети како „сиромашни со вода“ поседуваат значителни количини резерви на подземни води.

Меѓутоа, научниците се внимателни во врска со најдобриот начин за пристап на овие скриени ресурси.

„Не треба да се поставуваат големи бушотини без целосно разбирање за локалната состојба на подземните води. Помали бушотини за доставување на вода до руралните подрачја би биле многу поуспепшни“, рече за Би-Би-Си Алан МекДоналд, водач на експертскиот истражувачки тим.
Сметајќи дека многу резервоари не се полнат поради немање на дожд, научниците се загрижени дека големите резервоари со вода можат многу брзо да бидат исцрпени.

текстот е преземен од Б-92 - Белград

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »