речник контакт

Жежовски –Саботната вода да се искористи за туризам

Ќе ја преиспитаме работата на сите претходни градоначалници - најави Жежовски

Петар Печков

Со партиските заложби за како ќе  изгледа Велес и општината, за што тие ќе се залагаат, на прес конференција зборуваа претставниците на  партијата ,,Народно движење за Македонија,,.  Партискиот лидер  Јанко Бачев, најави дека  се борат да се разбие двопартизмот во Македонија.

Созреан е  моментов за нов  политички избор во земјава. Сите сме сведоци дека 27 години две партии се менуваат  на валсот но на Македонија не и оди  добри. Затоа сметаме дека е дојден моментот да се разбие двопартизмот во Македонија а тоа ќе  го сториме токму   ние од Народното движење за Македонија.   Време е народот да  ја испорача  фактурата за лошото владеење како на локално така  на централно ниво – порача Бачев.    

На граѓаните им се обрати и носителот на листа за советници Панче Жежовски.  Тој најави домаќински и  чесно работење и одвојување на политиката од економијата.

Ќе се залагаме за земјоделието, сточарството, овоштарството, лозарството, за аграрот кои повеќе години  наназад се на маргините. Време  е да го добијат врвниот приоритет.  Се залагаме извонредните климатски услови и природните богатства кои нашето  поднебје ги пружа а до денес не ништо сторено за нив да се стават во служба на граѓаните и гостите.   Дервенската вода  повторно да биде ставена во служба  на граѓаните. Саботата вода која изобилува со сулфур да биде  во функција со изградба на  лековита бања со што ќе привлечеме и странски гости.  Да  се обноват изумрените занаети, но и развој на руралните средини и развој на занаетчиството, угостителството, туризмот, трговијата. Пензионерскиот дом под итно да се реновира и да биде отворен за пензионерите од Велес. Срамота е што цели села и населби немаат водоводни и канализациони мрежи, патишта. Ќе се залагаме кружените текови да се понамалат малце, многу се големи   – изјави Жежовски.  

Тој најави ако стане советник, ќе побара одговор каде и како се трошени народните пари за многу работи за кој тој има докази и факти. Меѓу другото и каде биле парите кои се исплатени за пајтон, кој  требало да шета низ Велес.

Парите се исплатија а тој што го доби, ги искористи за негова лична намена. Пајтонот никаде го нема. Никој од градоначалниците не го гонел, или пак  не сакаат со него да се замерат. Нема да имаме влакна на јазикот. И затоа ќе бараме отчет од работата на сите градоначалници досега, наназад и нема да дозволиме натаму како што досега работеа – потенцира Жежовски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »