речник контакт

Желбата поголема од повредата

Зоран Димов му се врати на спортот, учествуваше на Скопски маратон на 21 км

Петар Печков

Велешанецот Зоран Димов, ателтичар кој се натпреваруваше во маратон и ултра маратон му се врати на спортот. Тој беше дел од  илјадниците учесници на неделниот Скопски маратон.

 Димов патката од полумаратонот од  21 км на која учествуваше ја одеше за 4 часа и 47 минути.

 Ова е негово враќање во спортот, откако лани летото беше удрен од моторист на пешачки премин додека одеше на тренинг на Градски.

 Упорноста со која Димов се одликува значеше тој да се врати на атлетикатата и покрај тоа што засега мора да се движи со помагала. Но ни тоа не го спречи да учествува на Скопскиот маратон и ја заврши пократката патека од само 21 км.

 Браво за Зоран, кој е  спортист за пример!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »