речник контакт

Железниот мост со пешачка патека

Велешани безбедно и сигурно ќе можат да преминуваат преку Железен мост, откако е поставена новата патека

Петар Печков

На железниот мост на реката Вардар во Велес  завршија металско-градежните и бетонски работи околу изградбата на новата пешачка патека. Така неколку илјади жители кои го користат мостот, како најкраток пат за доаѓање или заминување од едниот во другиот дел од градот, ќе можат спокојно да минат преку него.

Новата патека која е во должина од скоро 245 метри и широка 1.95 метри е коловозна армирана бетонска плоча со подлога од профириран челик, поставена на челична конструкција. Долж целата патека има метална ограда и канделабри.

Во нејзино продолжение беше бетонирана патека во должина од 80 метри за пешаците кои ја користат, непречено да се движат. Целокупната инвестиција е вредна 6 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »