Петар Печков
Објавено: среда, 30 јуни 2010
До несреќата дошло кога скопјанецот минал преку преминот иако во тој момент светлосниот сигнал покажувал дека доаѓа воз, по што бил удрен во задниот дел од автомобилот. Тој бил влечен 20-тина метри но за среќа возачот кој бил сам во автомобилот, останал жив.
Во несреќата е потешко повреден возачот на автомобилот - 44-годишниот Драган Михајловски од велешкото село Дурфулија, кој живее во Скопје. Од ударот тој добил тешки повреди по целото тело.
На местото на несреќата пристигнала брза помош и велешката полиција. Повредениот бил итно пренесен на хируршкото одделение на велешката болница, каде што му е укажана прва помош, реанимиран е и, според лекарите, е вон животна опасност.
Има повреда на главата, нагмечување на градниот кош и скршеници на шесто, седмо и осмо ребро од левата страна на градниот кош - изјави д-р Филип Тодоровски, кој го примил повредениот на хируршкото одделение во велешката болница.
Екипа на СВР Велес ја утврдува причината за несреќата. Поради несреќата во прекин беше железничкиот сообраќај на релацијата Скопје – Гевгелија во траење од 2,5 часа.
Tweet |