Петар Печков
Објавено: сабота, 01 септември 2012
ТРМР ве запозна со железничката постојка Тополка и Јазла. Првата на пругата кон Битола втората кон Штип, едната за патниците од Горно Оризари другата за патниците од Иванковци. И двете сведоци на годините кои ги минале. Овде на Ногаевци нема ниту перон, ниту засолниште ако врне или е многу жешко.
Патниците од селото Ногаевци се информираат телефонски од железничка станица Градско дали е навреме или колку доцната возовите кои тука минуваат. А ги има по три во правец кон Гевгелија и три кон Велес. Поради лошата прегледност на местото, тука се имаат случено повеќе тешки сообраќајни несреќи. Последната што се случи летово беше фатална а локалните жители, сведоци на морбидната слика, велат дека главата на шоферот од каминот кој го возел, била одделена од телото, 10 тина метри подалеку.
Tweet |