Петар Печков
Објавено: вторник, 13 мај 2014
Воз удри во автобус полн со патници кој минувал и покрај тоа што сигурносните рампи биле спуштени. Во сообраќајката која се случи во близина на село Лозово повредени се 32 патници, четворица тешко кои се пренесени на лекување во Скопје. Според МВР сообраќајката е случила во 7,15 минути кога возот кој сообраќал на релацијата Кочани – Скопје на обезбедениот железнички премин во близина на селото Лозово налетал на автобус на Струмица експрес. Дел од патниците кои сеуште беа на местото на несреќата сведочат за критичниот момент.
Некои од патниците спиеја беше рано, кога наеднаш возачот или некој од напред свика ќе удриме во возот. Рампата беше спуштена, не знам зошто шоферот се реши да мине. Дали го прелага лека кола која пред нас мина на пругата, но возот не удри нас. Беше страшно. Патниците свикаа, се слушнаа лелеци, повик за помош. Јас бев воз задните седишта и затоа не сум повреден. Откако се случи ударот излеговме ги извлекувавме повредените. Имаше повеќе повозрасни лица патници потешко повредени, сите во крв облеани. Мачно, тешко – вели млад патник од Струмица кој беше под стрес од доживеаната сообраќајка.
На неговата облека беа забележливи траги до крв од пренесувањето на повредените патници, но таа беше и искината кога се провлекувал низ купот железо што остана од автобусот. Во автобусот кој бил полн според неколкуте патници кои беа на местото на несреќата, имало 45 лица, автобусот патувал од Струмица за Скопје. Петнаесетината патници од патничкиот воз веднаш го продолжиле патувањето кон Велес и Скопје а од нив никој не е повреден иако од ударот сите стакла се искршени во патничките вагони.
Патниците кои биле во автобусот на Струмица Екеспрес потресно раскажуваат како ги спасувале повредените.
Го гледав возот кој доаѓаше до десно. Како се наближуваше до преминот така автобусот не закочуваше. Но јас ли треба сега да му кажам на возачот дека треба да сопре. Кога видов дека ќе се удриме, цврсто се фатив за предното седиште. Почувствуав удар, автобусот се преврете, патниците почнаа да летаат низ него. Се беше во неколку секунди. Кога сопре едвај излеговме од него. Беше лошо завртен наопаку. Моравме повредените да ги носиме преку прозор, преку задниот дел. Напред се беше уништено. Голема пожртвуваност покажаа и возачите кои беа со коли на местото на несреќата, веднаш ги земаа повредените и ги носеа кој за Велес, кој за Штип - раскажува патник, на кој лузните по лицето сведочат за моментите што ги минал додека спасувал други.
Глетката од ударот е стравична. Од ударот на 80 тони тешката машина автобусот кој е превртен е крш железо, искршени стакла, крв. На местото од несреќата беше и машиновозачот на патничкиот воз, кој беше исто така под стрес. Беа присутни и раководството на ЈП Македонски железници транспорт и инфраструктура.
Безбедносните уреди функционирале, рампата била спуштена, светлосните и звучни сигнали еве и сега работат. Ние како железница преземаме мерки за да се отстрани секој можен момент за несреќи, но очигледно дека другата страна, другите учесници во сообраќајот не ги почитуваат – изјави Оливер Дерковски директор на ЈП МЖ транспорт.
Се најавува дека попладне железничкиот сообраќај ќе биде нормализиран. Поради сообраќајката патничкиот сообраќај на релацијата Велес – Штип се одвива забавено, преку споредни земјени патишта низ околните ниви. Во несреќата има вкупно 32 лица повредени, по 16 се пренесени во Штипската и Велешката болница, дел од нив со колите на Брза помош дел со автомобилите кои се затекнале на местото на несреќата.
Во Велешката болница16 донесени во велешка болница 2 полесно амбулантно 3 во тешка состојба пренесени во Скопје повреди на глава, на рбет и сериски скршеници, 11 задржани во велешка болница - изјави портпаролот д-р Силвана Мишкова.
Меѓу патниците била и една трудницата која немала повреди туку превентивно е задржана на одделение. Директорот на Клиничката болница во Штип Александар Стојановски информира дека 16 лица патници од автобусот се донесени кај нив и сите биле во стабилна состојба
Сите 16 лица се во стабилна состојба, а 11 моментално се на хирургија. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Стојановски
Tweet |