Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 ноември 2018
Од неодамна Железничка станица во Велес доби столици за патниците. Таа откако беше реконструирана и свечено предадена на користење во мај месец, се констатираше дека столици во чекалната нема. Тогаш од МЖ инфраструктура објаснија дека грантот на ЕУ не опфаќал набавка на столици а тие не предвиделе средства за набавка.
Во магацини на МЖ инфраструктура имаше одредено количество на столици, кои беа искористени и монтирани во новата зграда на Железничка станица Велес, како најфреквентна од сите 10 што пролетва беа опремени - изјавија од МЖ Инфраструктура.
Во чекалницата н а Железничка станица Велес има поставени 25 столици.
Tweet |