речник контакт

Железничкиот сообраќај во земјава на минимум, сообраќа само патничкиот воз за Гевгелија, за Битола и локалот за Велес откажани

Од МЖ само кратко кажаа дека возовите се откажани, без повеќе информации

Петар Печков

Во Македонија денес сообраќаа само два од шесте патнички воза кои се предвидени со возниот ред. Патничкиот воз за Битола од вчера попладне не вози бидејќи немало дизел патничка гарнитура која е во возна состојба.

Поради тоа ниту  утрово се вратил  од Битола за Скопје и попладнево не  тргнал за Битола. Не се во сообраќај  ниту локалите од Скопје до Велес и обратно, три на број. На оваа релација сообраќа еден електричен патнички воз, кој не бил во возна состојба.

Од МЖ само кратко кажаа дека возовите се откажани, без повеќе информации.

Единствено сообраќаат утринскиот и попладневниот  патнички воз од Скопје за Гевгелија и обратно, со тоа што   патниците се возат комбинирано воз- автобус. Поради оштетување на железничкиот мост на реката Црна од станица Градско до станица Неготино, и обратно, патниците се префрлаат со автобус а потоа продолжуваат со воз.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »