речник контакт

Железничкиот сообраќај од и кон Битола во прекин, изгорени илјада железнички прагови на пругата кај Прилепско Браилово

Железничкиот сообраќај ќе биде во прекин сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај

Петар Печков

Пожарот кој во саботата зафати површини во прилепските села, беше причина да дојде до застој на железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Битола и обратно.  Пожарот во околината на село Браилово, каде мине пругата , оштетил дел од железничката инсталација.

„Сообраќајот на кон Битола е во прекин поради пожарот којшто избувна и уништи околу илјада железнички прагови на повеќе локации. Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје- Битола- Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај“ - соопштија од ЈП  МЖ Инфраструктура.

Првата реакција за овој застој стигна од жителите на регионот  Азот, кои немаат автобуски превоз и единствена врска кон Велес,каде дел од нив работа беше железничкиот сообраќај.

„Македонски железници можеше да  пушти патничките возови да сообраќаат барем до Богомила, колку луѓе патуваат до Велес,сега ќе мора да се возат со автомобили, што е многу поскапо“ - вела жителите.

Во Македонија моментално единствена функционална пруга по која се одвива патничкиот  железнички сообраќај е од Скопје до Гевгелија и обратно. Патнички возови одамна нема кон Куманово и Табановце, кон Кочани и кон Кичево. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »