речник контакт

Железничкиот сообраќај од и кон Битола пак во прекин, повторно причина пожарите и изгорените прагови

Мештаните ги палат стрништата кои се покрај пругата а со тоа се палат и дрвените прагови од пругите

Петар Печков

 
Повторно пожар го сопре железничкиот сообраќај од Велес кон  и од Битола. Тој се одвиваше само пет дена, откако претходно поради изгорени илјада прагови беше во прекин  осум дена. 

Пожарот е регистриран во вторникот попладне во близина на железничка станица Браилово, близу Прилеп. Запалени биле стрништа, по што била зафатена била и делница од пругата, изгорени како и пред три  седмици,  биле дрвени прагови.

Од Македонски железници потврдија дека железничкиот сообраќај од и кон Битола е во прекин. Екипи на ЗОП работеле на терен и промена на дрвените прагови и штом ќе завршат, пругата ќе биде оспособена, па железничкиот сообраќај повторно воспоставен. Но не соопштуваат рокови, колку време сообраќајот ќе биде во застој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »