речник контакт

Железничките безбедносни рампи не функционираат низ Велес и Овче Поле

Надлежни од МЖ објаснуваат не се регистрирани проблеми на премините

Петар Печков

Сигурносните рампи на Македонски железници цела седмица не функционираат  на премините во Велес. Со сличен проблем се судруваат и возачите кои минуваат низ Овче поле, на тамошните премини, но реакциите таму  се за подолг период, цел  август.

И додека учесниците во сообраќајот шпекулират дека дождливиот период минатата недела, како и немањето струја во Овчеполето претходниот месец,  влијаат на ваквата состојба, надлежните  негираат дека сигурносните рампи не работат. 

Рампите не работат, не функционираат. Час с е спуштени, час кренати. Не се знае дали доаѓа воз, дали се расипани. Но факт е дека не работат. Ако иде воз, ќе сопре, па ќе свирне и продолжува. Но не е во ред толку време да не се во функција.   Не сме сигурни за себе, еве почна и школската година, деца преминуваат за на училиште, како тие ќе знаат доаѓа или не воз – велат жителите од месноста Дворови.

Тие се сведоци на состојбата со безбедносните рампи, на железничките премини во  Велес. А ги има три, четвртиот кај Стар мост го ракува железничар. Тврдат дека често доаѓаат работници од МЖ кои работат на куќарките, од каде се ракува со овие рампи. Но никако да  се отстранел дефектот.  Цел месец август на сличен проблем  алармираа и возачите кои го користат магистралниот  пат  Велес – Штип, каде има  неколку  железнички премини кои се обезбедени со електронски рампи.  На социјалните мрежи имаше фотографии од колони возила, а воз никаде, додека рампата е спуштена.    

Се чекаше и по 30-тина минути, воз никаде а рампата спуштена. Похрабрите тргнуваа и покрај оваа пречка, другите чекавме. Па ќе се дигнат иако воз не минал. Никој не беше сигурен што  чекаме.  Мешнатите од селата објаснуваа дека рампите  не работат, кога ќе снемало струја од невремето кое во август  често се случуваше во овој дел од Македонија – велат возачи кои ја користат оваа делница.

Токму поради ваквата ситуација, на недоверба дали рампата е спуштена поради доаѓање на воз или по грешка, се случија три сообраќајни незгоди на оваа делница, последниот месец во август, кај Лозово, кај Кадрифаково и кај Соколарци- кочанско.  Среќна околност е што во трите  случаи, двајца од возачите  минаа со полесни повреди додека автомобилите беа уништени.  И додека од велешани и од патниците од  Овче Поле има бројни реакции, за ваквата состојба, надлежните велат дека се е  во ред. 

Безбедносните рампи функционираат, не се регистрирани никакви проблеми – изјавија кратко од МЖ инфраструктура,  во чија надлежност се овие  безбедносни рампи. На дополнителното прашање а  како ги објаснуваат бројните фотографии од  тоа како возот минува, додека рампата е крената додаваат дека ,,денешната технологија, може се да стори,, алудирајќи дека фотографиите не се релевантни.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »