речник контакт

Железничките рампи не функционира, сообраќајот во Велес во колапс

Попладнево сообраќајот нормализиран

Петар Печков

Претпладнево огромни колони автомобили низ Велес  кои заглавија поради тоа што железничките рампи не функционираа. Поради тоа возовите низ градот лазеа,  од безбедносни причини возеа со минимална брзина  а рампите беа кренати.  Затоа железничките товарни и патнички композиции на третните премини кои се управуваат електронски,  минеа по 15-тина минути. Згора на тоа денес во Велес беше пазарен ден.

За тоа време на главните градски улици се создаваше огромна колона автомобили и нервозни возачи. Од ЈП  МЖ информираа дека дошло до дефект на  железничката сигнализација, која беше биде отстранет попладнево и дотогаш бараа од граѓаните на Велес да бидат трпеливи, во интерес на нивната безбедност. Возачите   чекаа  и по  половина час сообраќајот да се одблокира и да се воспостави комуникација помеѓу левата и десната страна од градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »