Петар Печков
Објавено: петок, 20 јануари 2023
На Водици бил пријавен случај на физичко насилство од страна од жена над сопругот и детето.
„На 19 јануари полициски службеници од Полициско одделение Чашка ја лишиле од слобода А.Ц.(23 год) од велешко село со престој во Чашка. Таа по претходна вербална расправија со нејзиниот невенчан сопруг, физички го нападнала него и нивното малолетно дете“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
А.Ц. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Tweet |