Петар Печков
Објавено: среда, 29 декември 2021
Понеделникот на ден пладне велешанка нападната и ограбена на Железен мост. Дрската кражба ја сториле две лица. Повеќе информации од МВР.
„На 27-ми декември, околу 15.30 часот во СВР Велес, Н.М.(46) од Велес пријавила дека на „Железен мост“ две лица со употреба на сила и ја одзеле чантата“- соопшти Верољуб Додевски, порпарола на СВР Велес.
Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
За потсетување на случајот до пред два месеци. На 12-ти октомври 20.30 часот А.М.(84) од Велес беше нападната ул.„Петре Прличко“ од две лица кои и ја одзеле чанта со пари и лични документи. Жената била во друштво со ќерката а настанот се случил пред зграда кај стариот театар.
Tweet |