Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 октомври 2023
Петокот вечер, непознато машко лице физички нападнало жена пред нејзиниот дом, во центарот на Велес, при што и одзело пари и документи. При падот жената се здобила и има скршеница на рака.
„На 13 октомври околу 19.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Велес едно лице физички ја нападнало Љ.Б.(83) и ѝ одзело паричник и личен предмет“ - соопштија од МВР.
Жената е згрижена во велешка болница од каде велат дека има скршеница на левата надлактица и поради потреба од продолжување на лекарскиот третман, е пренесена на клиника во Скопје.
Ова е трет напад и грабеж врз жената а вториот бил пред десетина дена,првиот пред две години.
Полицијата најавува презема мерки за расчистување на случајот
Tweet |