речник контакт

Жена од Горно Оризари од нејзин близок украла злато вредно 200 илјади денари за што доби условна затворска казна

Обвинетата ја признала кражбата и му се извинила на оштетениот

Петар Печков

Жителка на населбата Горно Оризари доби условна затворска казна, откако на жител на населбата му украла злато во вредност до три илјади евра. Таа беше обвинета за тешка кражба која се случила во период од  3 октомври 2022 и 7 ноември 2022 година. Обвинетата го признала делото, му се извинила на оштетениот пред судот, по што и беше изречена алтернативна затворска казна од една година, ако во период од две години стори ново кривично дело.

Според обвинението, осудената со жртвата биле во блиски роднински врски, што таа го искористила и во два наврати од неговиот дом одзела злато во вредност од 200 илјади денари.

Бидејќи знаела каде стои клучот од домот, таа во два наврати влегла внатре и одзела златни предмети од кутија која била под лежајот во спалната соба.

И тоа женска огрлица со алка и обетки, мешавина од бело злато вредно 73 илјади денари, златна белегзија од 18 илјади денари, златна белегзија со циркони 20 илјади денари, четири златни прстени од по 12 илјади денари, два женски златни прстени од по 14 илјади денари, златен женски прстен од 11 илјади денари.

Сето тоа го продала во златарница во Велес а дел сокрила во сандаче за електрична енергија во близина на хотел крај Велес. Обвинетата треба да го надомести на оштетениот златото кое го украла во вредност од  137 илјади бидејќи 61 илјада денари  му вратила.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »