Петар Печков
Објавено: недела, 20 февруари 2022
Во петокот претпладне се случила сообраќајна незгода, која била на месноста плоштад Којник. Повеќе информации од МВР.
„На 18-ти февруари околу 10.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(42) од село Грчец, скопско, удрило во М.Н.(76) од Велес“- соопштија од МВр.
М.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Велес. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, која ќе ги утврдува причините за несреќата.
Tweet |