речник контакт

Жена пронајдена во Вардар ама ја спасиле

Телото пливало по површината а го извадиле случајни минувачи. Не е познато како таа завршила во реката

Петар Печков

Претпладнево околу 9,30 часот  близу  Мало мовче, во центарот на Велес  било видео тело по  површината на реката Вардар. Случајни минувачи го извадиле и ја повикале полицијата и доктор од брзата помош. Од МВР го потврдија  настанот, додаваат дека станува збор  за 66 годишна велешанка.

Во телефонскиот повик бевме информирани дека има тело, како плута по површината на реката. Не можеме да кажеме дали жената паднала случајно во реката, скокнала или нешто друго е во прашање. Одговор ќе даде увидот од  екипа која е на терен – изјавија од  МВР.

На брегот покрај Вардар дошла екипа  на  Брзата  помош,  докторката   Кевица Клифова кажа дека  и дале неопходна помош, по што жената почнала да дише се вратила во живот, по што била префрлена во велешката  Болница.  Од таму  информираа дека пациентката е во стабилна и свесна состојба.  

Годинава имаше два случаи на лица  кои скокнуваат од Мало мовче, во  обид да си го одземат животот. Во сите   беа спасени  од случајни минувачи.  Нивото на реката Вардар утрово според мерењата на УХМР изнесувал 28 цм што е далеку од просекот за месец јули кој е 48 цм.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »