Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 септември 2026
Неделата доцна попладне било пријавено дека на автотпат Гевгелија – Велес, кај исклучокот за село Караслари, во возило била пронајдена почината жена.
„На 27 септември во 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија-Велес, кај клучка Караслари, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена почината М.Д.(56 год) од Скопје“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпаролка нa СВР Велес.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Од вчерашниот билтен и групна тепачка во анселба Тунел, со учество на четири лица, меѓу нив и една жена.
„На 27 септември во 13:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Невена Георгиева Дуња“ во Велес, Е.З.(25 год), С.З.(55 год ), 22-годишната Е.З. и Р.М.(37 год), сите од Велес, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка“ – информира Милевска Ѓеоргиева.
| Tweet |




