речник контакт

Жена се обидела да скокне во реката Вардар, ја спасил градоначалникот Колев

Жената е згрижена на невропсихијатрија во Болницата во Велес

Петар Печков

Вчера околу 16ч. од Стар мост, имало обид за самоубиство. Веста ја потврдија и од СВР Велес и од Итната помош. Лицето, било спасено пред да скокне во реката Вардар.

Од СВР Велес кратко соопштија дека имало таков настан, без детали за него.  Од Итната помош  информираа дека нивна екипа интервенирала и лицето кое сакало да  скокне е пренесено на Невропсихијатриското  одделение од Велешка Болница.

Порталот  мкд.мк објави дека лицето кое сакало да скокне и во последен момент е спасено , од страна на градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фрекфенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам“ - кажал Колев за порталот мкд.мк

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »