Петар Печков
Објавено: петок, 04 јануари 2019
Средата вечер во сообраќајка во која светиниколка е тешко повредена на магистралниот пат Велес - Штип, кај крстосницата Овче Поле. МВР со повеќе детали.
Околу 18,55 часот на магистралниот пат Штип - Велес кај крстосницата Овче Поле, Г.С.(48 год) од Скопје управувајќи товарно моторно возило "Опел Мовано" со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак М.Г.(57 год) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" - пишува во писменото соопштение на МВР.
Извршен е увид на местото на настанот, по што ќе се знаат причините за несреќата.
Tweet |