речник контакт

Жена ја нападнала свекрвата, синот, сопругот и на крај полицаец

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава

Петар Печков

Вчеравечер во Велес се случил инцидент коа жена во нивниот дом нападнала тројца од семејството а при интервенција и еден полицаец. СВР Велес со детали за настанот.

„На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека  ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »