Петар Печков
Објавено: вторник, 17 ноември 2026
Од полицискиот билтен за изминатите 24 часа.
На 16 октомври во 09:00 часот во Полициско одделение Чашка било пријавено дека во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 67-годишната Ф.А. од село Горно Јаболчиште и 31-годишната Х.Е. од село Палиград, скопско.
На 16 октомври во 21:30 часот во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско сопреле мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител мотоциклот бил одземен, извршен бил службен разговор со родител на малолетникот.
На 16 октомври во 21:30 часот во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско сопреле мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од Градско и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител мотоциклот бил одземен, извршен бил службен разговор со родител на малолетникот.
По расчистувањето на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава
| Tweet |




