Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 август 2011
Во редовите на женскиот фудбалски клуб Борец дојдоа Ели Јаковска од Пробиштип која игра во средината и Моника Тодоровска од Кочани од шпицот на нападот.
Од денес понеделник, дваесетте фудбалерки на Борец се на седумдневни подготовки во мотелот ,,Ѕидан мост,, во Богомила. И двете засилувања се 16 годишни девојки, јуниорски репрезентативки.
Оваа сезона, според раководството на клубот со амбиции повторно да се освoи шампионската титула како минатата година, кога велешанки го освоија и Купот.
Tweet |