Петар Печков
Објавено: недела, 11 јуни 2017
Според сезонските прогнози на ECMWF за периодот јуни- август се предвидуваат од 1-2 °С повисоки температури на целата територија на Македонија, што значи потопло лето во однос на просечното. Според истиот здружен глобален сезонски модел не би требало да има отстапувања во однос на врнежите така да истите би биле во рамките на просечниот за овој период од годината.
Владо Спириндов од УХМР пренесува неколку можни прогнози за ова лето.
Во втората половина на Јуни можно е да се очекуваат повисоки температурите па дури и надминување на просечните, додека врнежите ќе бележат тренд на намалување. Но сепак не би требало да очекуваме период со многу голема топлина. Загревањето на атмосферата би било постепено, па дури и да има температурни осцилации со понагласена топлина, истите најверојатно би биле со пократко времетраење над Балканот и кај нас, како резултат на постојно блокирање на појасот со висок воздушен притисок над западна и северна Европа.
Во текот на месец Јули 2017 можни се две сценарија. Според првото, добиено на основа на согледувањето на основните климатски двигатели и сумираните резултати од сезонските климатски модели, постои релативно добра усогласеност за позитивно отстапување на температурите, што значи потопол Јули за 1-2 степени во однос на климатскиот просек. Во текот на Јули 2017 не се исклучува веројатноста да се појави на последователни денови со егзистирање и одржување на континуирана топлина поради суптропски висок воздушен притисок и транспорт на многу топол воздух кој ќе предизвика појава на “топлотни бранови”.
Според второто сценарио како резултат на распоредот на баричкитецентри, влијанието на NAи силно изразениот доминантен центар со висок притисок во западна Европа како и одделни сезонски модели, Источна Европа и Балканот да доживеат и поблагопријатни услови во текот на Јули со попријатни температури во рамките на просечните. Македонија би била некаде на границата на ваквиот сезонски развој и повеќе врнежи би се очекувале во југозападните делови од Македонија. Во такви услови не се исклучува можноста за повремено дестабилизирање на атмосферата и иницирање на облаци со вертикален развој и појава на грмежи, пороен дожд а локално и до поинтензивни влијанија. Ќе се задржат пролонгирани периоди со топлина над просечната до екстремна топлина на Балканот ти Македонија која на некој начин ќе ги ограничи врнежите. Според оваа проекција на Балканот и Македонија ќе се соочат со највисок ризик за топлотни бранови, појава на суши и шумски пожари.
Август е специфичен месец, а тоа се покажа и во изминатите сезони и затоа е многу комплициран за предвидување 2-3 месеци однапред. Во последните сезони август тежнееше да биде попроменлив и влажен. За оваа сезона изгледите се дека во август ќе продолжи топлото лето со високи температури, слично како за Јули со повисоки од просечните и врнежи во рамките на просечните со сосема неизвесен исклучок на источните области. Но во случај на интензивирањето на постојната топла фаза на Ел-Нињо во Јуни и Јули, нема да не изненади ако месец август биде попријатен (поумерен) во однос на температурите и релативно повлажен. Сепак, во август ќе има доволно топли денови, во кои не се исклучува исклучува можноста за повремено дестабилизирање на атмосферата, и создавање на поволни услови за иницирање и развој на силни олујни облаци со пороен дожд, грмежи, силен ветер, град а локално да се манифестира во форма на навреме со уште по изразено деструктивно влијание.
Следен центар од каде се користени податоци за подготовка на оваа анализа е Националниот Центар за Прогноза на Времето NCEP -Вашингтон, САД. Овој модел е повоздржан во однос на отстапувањата на температурата на воздухот во однос на просечните. Во месец јуни се забележува сосема благ пораст на температурите, додека во наредните два месеци нема отстапување што значи дека јули и август ќе бидат во рамките на просекот. Кај врнежите ситуацијата е малку поинаква за разлика од податоците на ECMWF, т.е. според овој модел во јуни и јули се предвидува позитивна аномалија на врнежите во Македонија посебно во јужните и југозападни делови додека сосема благ суфицит се евидентира во месец август и тоа во источните области.
Виртуелниот Центар за Климатски Промени на Југоисточна Европа центар, воспоставен во рамките на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија. Попрецизно, во сите три месеци (јуни-јули-август) се очекуваат (1-3) повисоки температури во однос на просечните со малку по изразена аномалија во крајните североисточни делови на Македонија и тоа во јуни и јули. Според истиот извор во претстојниот летен циклус се предвидува помала количина на врнежи т.е. дефицит или (СУШНО ЛЕТО).
AccuWeather, веб страница за временски прогнози. Предвидуваат подолги периоди со екстремни жештини од Италија до Балканот. Ова ќе кулминира со неколку опасни топлотни бранови, а барем еден ќе трае подолго од седум дена. Температурите над 32 степени ќе бидат чести ова лето, а можни се и рекордни температури. Најголем ризик од топлотните бранови ќе има во Македонија, Бугарија, па нагоре до Унгарија и до Романија.
Tweet |