Петар Печков
Објавено: четврток, 17 мај 2012
На оваа листа се наоѓаат и две велешки фирми Жи-Ва и Леов компани. Ти се во друштво на Супербрендови на Македонија за 2011/2012 година и „Браво“, „Витанез“, „Еуро-фарм“, „Жито Лукс“, „Здравје Радово“, „Круна МС“, „Мц Доналд’с“, „Нептун“, „Плејбој Македонија“, „Фармацевтска компанија Плива“, „Порше Македонија“, „Прототип“, „Семос Едукација“, „Сецурицом“, „Винарска визба Сковин“, „Скопски саем“, „Стопанска банка“.....
Оваа година во Македонија за прв пат беше прогласена и личност за Супербренд. Признанието за Супербренд на Македонија го доби најдобрата македонска пејачка Каролина Гочева. Втора година по ред Superbrand го организира и надгледува изборот, чија цел е да се претстават најдобрите трговски марки кои се присутни во секојдневниот живот.
Брендот на една компанија е како репутација на еден човек, а репутацијата се заработува со макотрпни обиди да се направи нешто добро. Лично сметам дека во 21 век брендирањето ја носи најголемата долгорочно конкурентна предност за една компанија без разлика дали создава производи или дава услуги, рече министерот за економија Ваљон Сарачини кој ја отвори свечената церемонија по повод доделувањето на Супербренд признанијата во Македонија за 2011/2012 година.
Изборот на 43-компании добитници на Супербренд признанијата е извршен од околу 1.000 брендови поделени во 25 категории.
Tweet |