речник контакт

Жи-Ва извозува свинско во Албанија

Вредни резултати на крајот од годината во АД Жито Вардар

Петар Печков

Зголемена побарувачката на свинско месо  од АД Жито Вардар на албанскиот пазар. Само во декември извезени се 1000 свињи, а побарувачката е двојно поголема. Побарувачката на пазарот во Србија, исто така, бележи раст, каде што веќе со години континуирано се извезува. И покрај кризната работна година производството е зголемено за 8 отсто во споредба со лани. Паралелно со свежото месо, расте и побарувачката на преработки од месо.
     

Моментално најбарани се шунките, за кои подготвивме и нови, уште поквалитетни амбалажи со цел да го задржиме вкусот и хранливите состојки во производот подолго време. За само 8 дена од објавувањето на новите амбалажи, продадени се повеќе од 3,5 тони шунки - велат од Жито Вардар. Шунките се произведуваат исклучиво од свежо месо од прва категорија добиено од сопствени фарми, кое содржи мал процент на масти, со што се зголемува и нивната хранлива вредност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »