речник контакт

Живот во Катар на плус 50 степени

Велешаенцот Ристе Бабунски шест години работеше во Доха. За животот таму и работата која му овозможи да се сретне со Селма Хаек, Антонио Бандерас, Роберт Де Ниро, фудбалерите на Баерн, во земјата каде водата е 30 а нафтата 12 денари за литар

Петар Печков

Малата арапска земја во богатиот Персиски залив,  со градежната експанзија нуди големи можности за вработување. Македонците се повеќе го откриваат Катар како дестинација каде можат да дојдат до парче леб. Меѓу нив има и велешани.

Велешанецот Ристе Бабунски престојуваше во Доха, главниот град на Катар шест години. Објаснува дека тој заедно копилот од Скопје, амбасадорот и секретарката биле првите Македонци кои дошле во оваа заливска земја. Од година во година бројот се зголемува и тој смета дека моментално околу 200  наши државјани работат таму. 

Има три категории за вработување, едната е за високообразовниот кадар, најмногу  градежни инженери кои учествуваат во големиот градежен бум, кој се случува таму. Втората е за млади кои сакаат да работат во угостителство и третиот за лица кои работат како градежници. Единствено што е добро платено, доходовно е работата како инженери, додека останатото е само  преживување – објаснува Ристе Бабунски, кој една четвртина од животот,  од неговите 29 години ги  мина во Доха.

Заминал по грешка, аплицирал  преку македонска агенција за работа на брод а добил вработување во хотел во Доха. Потпишал договор дека ќе добива плата од илјада катарски риали, без да провери колку е тоа во долари, верувајќи на збор на агентот за сума од  800 долари. Но во пракса се покажало дека платата е многу пониска.  Македонците најмногу работат како угостители во бројни хотели.

Платата е поред нивото на работа и се движи од 200 до 400 долари. Но треба да се знае дека тоа е чиста пара, бидејќи катарците го плаќаат превозот со авион, храната, сместувањето. Се исплаќа редовно, навремено, со платено здравствено осигурување. Така парите кои се добиваат служат само за забава. Платата на инженерите, кои ги има десетина од Македонија е многу висока. Вработените се заштитени од државата, тоа е  многу сигурно, животот е безбеден за сите, под муслиманските закони и традиции.  Мора да се одработи договорот од една година за работа, бидејќи работадавецот ги плаќа картите, работаната виза и нема да си замине било кој, кога тој сака – објаснува Бабунски.

Бидејќи во земјата дневната температура во лето  е помеѓу 50 и 60 степени со висока влажност, во градежништвото се работи исклучиво ноќе. Тогаш се градат бројните згради, хотели, патишта и се што е потребно за државата. Се работело и на дупчење на нафта и гас, но во оваа дејност немало многу Македонци. Во зима од октомври до април температурите се до 20 степени и тогаш живото бил поднослив и лесен. 

Во Катар има голема градежна експанзија, се вложува во спорт и туризам,  се инвестира во инфраструктура, секаде од песок создадоа градови. Таму се вози Ф-1, има голем тениски турнир, голем Трибека филм фестивал со звучни гости, Катар е домаќин на СП во ракомет и во бокс во  2015, во фудбал во 2022.  Има околу 200 Македонци најчесто работат како келнери, бармени, собари,рецепционери  во угостителството. За илустрација колку се богати што сите возат скапи коли, со модерни телефони, престижни  марки часовници.  Секој објект се климатизирани, дури и постојките за автобуска  и банкоматите се климатизирани.  Литар нафта  во катар е 12 а литар вода  е 30 денари. Водата за сите кои сме вработени, бесплатно ни ја дели фирмата. Таа од  чешмите е технолошка – додава Ристе.

Македонската амбасада во  Катар е за сите арапски држави.  Тамошното население  безмалку сите  знаеле   англиски и тој јазик е потребен за  секој кој сака да се вработи.  Во Катар ги имало сите престижни факултети од светот, но малкумина ги завршувале. Катарците  не знаат за Македонија но го знаат Александар Македонски. Во Доха има   и македонски ресторан, ,,Џино Панино,, каде се собирале нашите државјани но и останатите од Балканот оти ги има многу.

Тука можело да се најдат нашите специјалитети, но сите  подготвени со говедско, јунешко  или телешко месо. Алкохол во Катар  не може да се купи, за тоа е потребна лиценца , ниту пивото го нема во слободна продажба.  Ристе во Доха ја запозна  сопругата Филипинката Глајза Лин, со која бил во врска три години и летово дојдоа во Велес за да стапат во брак. Таа е петтата Филипинка која е велешка снаа.

 Работејќи во хотелто каде имало голем број гости, се сретнал  и со многу пзонати светски имиња : Селма Хаек, Антонио Бандерас, Роберт Де Ниро, фудбалерите на Баерн.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »