Петар Печков
Објавено: вторник, 23 март 2010
Овие институции ги сублимираа податоците за 2009г. и тоа за присуство на сулфур диоксид, чад и тешки метали во воздухот.
Заводот за здравствена заштита минатата година направил вкупно 3 415 анализи од кои може да се констатира дека во 2009 година нема регистрирано ниту еден ден со концентарции на сулфур диоксид над максимално дозволените. Повисоки гранични вредности на чад се регистрирани во 11 дена од годината и тоа во време на грејната сезона.
Резултатите покажуваат дека концентрациите на тешките метали, олово, кадмиум и цинк се под дозволените гранични вредности, што е очекувано во време на неработење на најголемиот емитер на тешки метали-топилницата за олово и цинк.
Tweet |